Иранската државна телевизија ИРИБ извести дека иранските сили го погодија американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ стациониран во регионот, откако извршија напад врз носачот со крстосувачки ракети.
Повикувајќи се на информациите на корпусот на исламската револуционарна гарда, иранската телевизија објави дека погодениот американски носач на авиони бил принуден да ја напушти својата позиција.
Исламската ревлуционерна гарда тврди дека носачот на авиони ја напуштил својата база и сега плови кон индискиот океан. Американски извори не ја потврдија информацијата и нема извештаи за тоа каква штета претрпел носачот и дали има повредени американски војници.
Слични новости
Холандија доби нова малцинска влада
Новата малцинска влада на Холандија на чело со мандатарот Роб Јетен денеска треба да положи заклетва.
Унгарија стави вето за нови санкции против Русија и финанска помош од ЕУ за Украина на четиригодишнината од војната
Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Мексико во хаос по убиството на наркобосот Ел Менча
Бран на насилство избувна во Мексико откако најбараниот нарко-бос во земјата беше убиен во безбедносна операција во која беа вклучени американските разузнавачки служби.


