Иранската државна телевизија ИРИБ извести дека иранските сили го погодија американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ стациониран во регионот, откако извршија напад врз носачот со крстосувачки ракети.

Повикувајќи се на информациите на корпусот на исламската револуционарна гарда,  иранската телевизија објави дека погодениот американски носач на авиони бил принуден да ја напушти својата позиција.

Исламската ревлуционерна гарда тврди дека носачот на авиони ја напуштил својата база и сега плови кон индискиот океан. Американски извори не ја потврдија информацијата и нема извештаи за тоа каква штета претрпел носачот и дали има повредени американски војници.

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.