Иран предложи состанок со европските страни потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година, веројатно уште овој петок во Рим, пред новата рунда разговори со САД, изјавија во понеделник четворица дипломати, предупредувајќи дека сè уште нема одговор од Европејците на предлогот.

Иран се обидува да го искористи моментумот од нуклеарните разговори со САД што продолжија во Оман во саботата, по разговорите со Русија и Кина минатата седмица.

 

Омански претставници изјавија дека новата рунда разговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи на 3 мај во Европа. Но, не е донесена официјална одлука.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во саботата по третата рунда разговори во Оман изјави дека „преговорите се одржале многу сериозно и професионално“.

Арагчи додаде дека била дискутирана и методологијата и дека фокусот е ставен на идентификување на спорните точки со цел постепено да се разјаснат во следните рунди преговори.

Според американскиот претседател Доналд Трамп, главната цел на преговорите е да се спречи Техеран да развие нуклеарна бомба. Доколку преговорите не успеат, тој му се закани на Иран со воена акција.

Иран тврди дека не развива нуклеарно оружје и не сака целосно да се откаже од цивилната нуклеарна технологија.

globe

Слични новости

Електричната енергија постепено се враќа во Шпанија и Португалија по масивниот прекин

Електричната енергија постепено се враќа во Шпанија и Португалија по масивниот прекин

Електричната енергија полека почна да се враќа во делови од Иберискиот полуостров од понеделник доцна вечерта по масивното прекинување на испораката што ги парализираше Шпанија и Португалија

Стармер домаќин на палестинскиот лидер, Британија најави пакет за поддршка

Стармер домаќин на палестинскиот лидер, Британија најави пакет за поддршка

Британскиот премиер Кир Стармер во понеделник беше домаќин на палестинскиот премиер Мохамед Мустафа, додека неговата влада објави пакет за финансирање од 101 милион фунти за палестинските територии

Зеленски: Светот не сака да чека на 8. мај за прекин на огнот

Зеленски: Светот не сака да чека на 8. мај за прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека светот не сака да чека до 8. мај за најавеното примирје на рускиот претседател Владимир Путин да стапи на сила само неколку дена и повика на прекин на огнот од најмалку 30 дена