Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда објави фотографии со написи на ракетите кои се лансирани кон вели на Блискиот исток, а кои се однесуваат на новозибраниот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи.

Иран започна нов бран напади со ракети и дронови на течно и цврсто гориво, меѓу кои се ракетите „Хорамшахр“, „Фатах“ и „Хеибар“. Иранците кои се шиити, нападите главно ги насочија кон сунитски земји.

Иранските државни медиуми објавија фотографија на ракета на која пишува „На услуга на Сејед Моџтаба“, што е воена заклетва на верност на новиот врховен водач.

Моџтаба Хамнеи беше вчера избран за нов врховен водач на Иран, откако неговиот татко ајатолахот Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од нападот на американско-израелските сили врз Иран.

Слични новости