Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади врз оваа земја, соопшти иранската мисија во ОН за американските медиуми.
Во нападите на Израел врз повеќе цели во Иран се убиени многубројни команданти, научници и цивили, наведува иранската новинска агенција.

Израелските сили претходно соопштија дека преку 100 дронови биле лансирани од Иран кон Израел и дека израелската авијација работи на нивно пресретнување.
Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.
Техеран најави одмазда за нападите, а американскиот државен секретар Марк Рубио порача дека САД не се инволвирани во израелските напади.
Слични новости
Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.
Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници
Во израелските напади се убиени главниот командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција генерал Хосеин Салами и начелникот на генералштабот на иранските оружени сили генерал Мохамед Багери. Убиени се и најмалку шест ирански физичари ангажирани на нуклеарната програма на Иран.