Иранскиот комитет за национална безбедност соопшти дека управувањето со Ормутскиот теснец ќе биде насочено кон безбедноста и заштитата на националните интереси на Иран. Со овој закон на Техеран му се обезбедува контрола и надзор на влезовите и излезите од теснецот.

Техеран носи нов закон за Ормутскиот теснец со кој се предвидува забрана за минување на бродовите кои им припаѓаат на „ционистичкиот ентитет или непријателските земји“, како и на бродови кои учествуваат во воени операции против Иран или превезуваат воен товар.

Другите бродови и танкери кои Иран не ги третира како непријателски ќе мора да добијат дозвола од Генералштабот на оружените сили на Иран.

 

Слични новости

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.