Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда соопшти денеска дека извршил напад врз американска воздухополовна база, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас во Иран. Иранската восјка не соопшти каде се наоѓа американската воена база која била цел на нападите.
Иранските сили наведуваат дека секакво повторување на агресија врз нивната земја ќе предизвика „порешителен одговор“ и дека одговорноста за ескалацијата на Блискиот исток е кај САД.
Претходно американски танкер со нафта се обиде да мине низ Ормутскиот теснец, по што Иранците отвориле огин врз танкерот кој бил принуден да се повлече. Како одговор на тоа, американските сили бомбардираа цели во близина на градот Бандар Абас.
Слични новости
Куба ќе се брани во случај на напад од САД
Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.
Русија изврши масовен напад со дронови
Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со вкупно 294 дронови, од кои украинската воздушна одбрана уништи или неутрализираше 269. Нападот сè уште траеше во утринските часови
Трамп го предупреди Тајван да не прогласува независност
Доналд Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност од Кина, објави Би-Би-Си. „Не сакаме војни и ако се одржи статус квото, мислам дека Кина ќе биде согласна со тоа.


