Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.

Ниту експертите за прелиминарни преговори, ниту главната делегација не отпатуваа во пакистанскиот главен град, објави иранското државно радио еден ден пред истекот на двонеделното примирје. 

Претставници на иранскиот режим нагласија дека преговорите нема да се водат во сенка на „закани и кршења на договорот“, објавија државните медиуми.

Втората рунда разговори со САД ќе зависи од тоа дали Вашингтон ќе го омекне својот став, додадоа медиумите, без да дадат дополнителни детали. 

Главната точка на спор останува американската поморска блокада на иранските бродови и пристаништа. Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека ќе ја задржи блокадата додека не се постигне договор.

Слични новости

Иран делумно го отвори воздушниот простор

Иран делумно го отвори воздушниот простор

Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.

Нови руски удари во Украина

Нови руски удари во Украина

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.