Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер. По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот, а ниту во саботата ниту во неделата не беа регистрирани нови американски удари.

Иран, кој по секоја ноќ американски напади возвраќаше со удари врз соседните земји во кои има американски бази, исто така два дена не извршил напад. Иранскиот функционер, кој побарал да остане анонимен, изјави дека ставот на Техеран и натаму е „напад за напад“.

Трамп ги паузираше ударите по предупредувањата од воени и од политички советници, меѓу кои и Џеј Ди Венс и адмирал Бред Купер, дека кампањата ја губи ефикасноста. Во Иран, сепак, владеат страв и неизвесност. Жителите се сомневаат дека затишјето ќе трае кусо и стравуваат од ново разгорување на конфликтот.

 

 

Слични новости

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.