Иран и САД сеуште не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите меѓу Вашингтон и Техеран се сепак намалени, изјави висок ирански извор за Ројтерс. Меѓу спорните точки остануваат иранското збогатување на ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно порача дека САД ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум од Иран и покрај најавите на Техеран дека Иран нема да дозволи ураниумот да биде изнесен надвор од земјата.

Трамп рече дека на САД не им е потребен ураниумот и дека најверојатно ќе го уништат откако ќе го преземат, но дека Вашингтон нема да дозволи Техеран да располага со високо збогатен ураниум.

Слични новости

Куба ќе се брани во случај на напад од САД

Куба ќе се брани во случај на напад од САД

Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.

Русија изврши масовен напад со дронови

Русија изврши масовен напад со дронови

Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со вкупно 294 дронови, од кои украинската воздушна одбрана уништи или неутрализираше 269. Нападот сè уште траеше во утринските часови