Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека испукала „повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и врз разурнувач на американската воена морнарица кои учествувале во поморската блокада врз Иран“.

Како што пренесува новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведува дека овие два брода, откако претрпеле оштетувања и од страв од понатамошни напади биле принудени да побегнат од зоната на судирот.

Претходно командантот на американската Ценрална команда Бред Купер порача дека ако Иран пука врз двата американски брода Американците ќе уништат три ирански.

Техеран порача дека доколку САД продолжат со своето непријателско и агресивно дејствување САД треба да очекуваат силен одговор на иранските оруени сили кои се посилни од било кога.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.