Иран им се закани на САД и Израел со „уништувачки напади“ по најавите на Доналд Трамп за нови воени удари врз Исламската Република.

Иранското воено раководство упати жестоки закани кон Соединетите Американски Држави и Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нова ескалација на воените операции против Исламската Република.

Централната команда на иранските вооружени сили, Хатам ал-Анбија, предупреди дека следува „уште поразорен и посеопфатен“ одговор.

„Подгответе се за наши мерки што ќе бидат уште поуништувачки и пообемни,“ соопшти командата во четвртокот, обраќајќи се директно до Вашингтон и Тел Авив. „Со доверба во Семоќниот Бог, оваа војна ќе продолжи сè додека не бидете понижени, обезчестени, исполнети со трајно каење и принудени да се предадете.“

Претхоодно Трамп најви дека ќе го врати Иран во каменото доба повторно заканувајќи се со напади врз клучната иранска енергетска инфраструктура. Американскиот претседател најави дека американската армија ќе го „удри Иран екстремно силно во следните две до три недели“.

 

Слични новости

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува.