Иранското министерство за надворешни работи предупреди дека секое следно користење на териториите на земјите во регионт на Блискиот исток за напади врз Иран, ќе предизвикаат поинаков и одлучен одговор на Техеран.
Иран нагласи дека очекува од своите соседи да се придржуваат до принципот на добрососетски односи и да ги преиспитаат своите постапки, нагласувајќи дека сите земји во регионот имаат горчливи искуства со военото присуство и интервенциите на САД, а дека со Иран се вечни соседи.
„На секоја нова агресија на САД и на ционистичкиот режим ако териториите на соседните земји бидат искористени, ќе одговориме на поинаков начин отколку досега„ се закани официјален Техеран.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.