Иран е способен да произведува околу 50 балистички ракети месечно, што е околу половина од неговиот капацитет пред почетокот на војната и покрај повеќемесечните американски и израелски воздушни напади врз иранската воена индустрија, се наведува во проценката на западни разузнавачки служби.

Разузнавачките служби објавија дека Иран најверојатно располага со најмалку 1.700 балистички ракети, а продолжува и со производство на нови, што му овозможува да го задржи капацитетот за одмазда во случај на обновување на судирите.

Освен балистичките ракети, Иран би можел да има и илјадници беспилотни летала од типот „Шахед“. Претходно американскиот министер за војна Пит Хагсет изјави дека се уништени над 80 проценти од иранската индустриска база поврзани со военото производство.

Слични новости