Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека целта на нивните напади била американската Петта флота во Бахреин. Но ирански ракети биле пресретнувани и во Јордан и Кувајт.

Јорданската армија соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети кои биле лансирани од Иран, пренесе Ал Џезаира. Во соопштението на војската на Јордан се наведува дека пресретнувањето на иранските ракети во воздухот предизвикале пад на делови од ракетите, но дека нема жртви.

Генералштабот на кувајстката армија утринава соопшти дека противвоздушната одбрана на оваа земја „во моментов пресретнува непријателски воздушни мети“.

Кувајтската армија го повика населението да се придржува до безбедносните упатства и да се потпираат на информациите од овластени официјални извори.

Иранската гарда соопшти дека освен Петтата американска флота во Бахреин, била нападната и американската база во Јордан со ракети од долг дострел.

 

Иранците наведуваат дека иранските ракети погодиле и уништиле четири критични мети во базата во Јордан, вклучувајќи ги и хангарите за борбените авиони Ф-35 и главниот команден и контролен центар.

Иранската гарда истакна дека денешните ракетни напади се дел од поширока операција на одмазда во која се погодени 21 мета на различни американски воени и воздухопловни бази во регионот.

Слични новости

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Унгарскиот парламент едногласно го одобри предлог-законот предложен од владејачката партија Тиса, за значително намалување на платите на пратениците и државното финансирање на политичките партии.

Затворено небото над Иран, Ирак и Сирија

Затворено небото над Иран, Ирак и Сирија

Воздушниот простор над Иран, Ирак и Сирија е затворен за цивилен сообраќај поради новата ескалација на воениот судир на Блискиот исток, јавуваат светските медиуми. Освен во овие три држави и во Израел е главно запрен цивилниот воздушен сообраќај.

Нови напади меѓу Израел и Иран

Нови напади меѓу Израел и Иран

Израел започна воздушни напади рано наутро насочени кон централен и западен Иран како одговор на ракетниот оган од Техеран, напади што се заканија да го вратат поширокиот Блиски Исток во регионална војна.