Командантот на иранската морнарица контраадмиралот Шахрам Ирани ги отфрли како „крајно бесмислени и смешни“ најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе поморска блокада на Ормутскиот теснец.

Тој предупреди дека иранската војска внимателно го следи секој потег на американската флота во регионот.

Трамп во неделата објави дека и наредил на американската морнарица да го блокира Ормутскиот теснец, стратегиски воден пат низ кој минува 20 насто од светската нафта. Треамп предупреди и дека секој брод кој платил такса на Иран за минување низ Ормутскиот теснец ќе биде запрен во меѓународните води.

 

Слични новости

Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах

Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах

Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.