Иранските сили отворија оган врз брод со контејнери во близина на брегот на Оман, при што е оштетен командниот мост, но екипажот е безбеден, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство.
Инцидентот се случува време кога претседателот на САД го продолжи примирјето со Техеран, иако часови претходно најавуваше воена акција врз Иран.
Иранската страна тврди дека дејствувала бидејќи бродот не ги почитувал сигналите. „Војската спроведе морски закон откако бродот ги игнорираше предупредувањата“, соопшти агенцијата Тасним.
Од друга страна, според британската поморска агенција УКМТО, капетанот пријавил дека ирански воен брод се приближил и отворил оган. Според британските информации, бродот претрпел значителна штета.
Претходно денеска, Иран нападна уште еден товарен брод во Ормутскиот теснец кој бил принуден да запре со пловидбата.
Стотици бродови остануваат блокирани во регионот. Ризиците за поморскиот сообраќај растат.
Слични новости
Либан во преговори со Израел за запирање на војната
Аналитичарите оценуваат дека либанската влада „нема што да понуди“ во преговорите, бидејќи не може да гарантира клучен услов – разоружување на Хезболах.
ОН: Кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.
Иран: Заканите на Трамп со блокада се бесмислени и смешни
Командантот на иранската морнарица контраадмиралот Шахрам Ирани ги отфрли како „крајно бесмислени и смешни“ најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе поморска блокада на Ормутскиот теснец.


