Иранските сили отворија оган врз брод со контејнери во близина на брегот на Оман, при што е оштетен командниот мост, но екипажот е безбеден, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство.

Инцидентот се случува време кога претседателот на САД го продолжи примирјето со Техеран, иако часови претходно најавуваше воена акција врз Иран.

Иранската страна тврди дека дејствувала бидејќи бродот не ги почитувал сигналите.  „Војската спроведе морски закон откако бродот ги игнорираше предупредувањата“, соопшти агенцијата Тасним.

Од друга страна, според британската поморска агенција УКМТО, капетанот пријавил дека ирански воен брод се приближил и отворил оган. Според британските информации, бродот претрпел значителна штета.

Претходно денеска, Иран нападна уште еден товарен брод во Ормутскиот теснец кој бил принуден да запре со пловидбата.

Стотици бродови остануваат блокирани во регионот. Ризиците за поморскиот сообраќај растат.

 

Слични новости

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.