Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.

Се наведува дека одлуката е донесена по безбедносни проценки на надлежното координативно тело, во согласност со итните известувања за авијација.

Од утринава во Иран се отворени и голем број на аеродроми. Целосното обновување на воздушниот сообраќај во Иран ќе се одвива во фази.  

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона