Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека Техеран категорично го отфрлил американскиот предлог за прекин на огнот. Повикувајќи се на информирани извори, Фарс наведува дека на 4 април, САД испратиле понуда за 48-часовен прекин на огнот преку „една од пријателските земји“.

„Одговорот на Иран на овој предлог не дојде во писмена форма, туку дојде во форма на одговор на терен и продолжени тешки напади“, соопшти иранската новинска агенција.

Во меѓувреме, американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) објавува дека преговорите се целосно блокирани, а американските барања се оценети како неприфатливи.

Иран официјално ги информирал медијаторите за својата неподготвеност да се сретне со американски претставници во Исламабад во наредните денови, објаснувајќи дека САД имаат барања што Техеран ги смета за апсолутно неприфатливи.

Слични новости

Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници

Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.