Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак.
Иранската новинска агенција Фарс објави дека Техеран категорично го отфрлил американскиот предлог за прекин на огнот. Повикувајќи се на информирани извори, Фарс наведува дека на 4 април, САД испратиле понуда за 48-часовен прекин на огнот преку „една од пријателските земји“.
„Одговорот на Иран на овој предлог не дојде во писмена форма, туку дојде во форма на одговор на терен и продолжени тешки напади“, соопшти иранската новинска агенција.
Во меѓувреме, американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) објавува дека преговорите се целосно блокирани, а американските барања се оценети како неприфатливи.
Иран официјално ги информирал медијаторите за својата неподготвеност да се сретне со американски претставници во Исламабад во наредните денови, објаснувајќи дека САД имаат барања што Техеран ги смета за апсолутно неприфатливи.
Слични новости
Партијата на актуелниот премиер Роберт Голоб победник на изедначените избори во Словенија
Централно-левичарското движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои 28,5% од гласовите, додека десничарската Словенечка Демократска Партија предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша – освои 28,1%,
Меѓународната агенција за енергија предупреди дека глобалната енергетска ситуација е многу сериозна
Ситуацијата е, ако сакаме да ја ставиме во контекст, е дека оваа криза, каква што е сега, е еквивалент на две нафтени кризи и една гасна криза заедно.
Одуката за прогласување на кризна состојба е објавена во „Службен весник“
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“.


