За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.

Венс, наводно, редовно ја известувал израелската страна за текот и резултатите на преговорите што ја доведува во прашање самосталноста на американската преговарачка позиција.

Иран соопшти дека таквата практика може да влијае врз довербата во преговарачкиот процес и дополнително да ги искомпликува и онака чувствителните односи во регионот.

Ирански експерти тврдат дека улогата на Ирзаел можела да влијае врз текот на преговорите и укажаа дека ставовите на Нетанјаху потенцијално го отежнуваат постигнувањето компромис меѓу Вашингтон и Техеран.

 

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона