Во најновото соопштение, иранската мисија во Обединетите нации изјави дека бродовите можат да користат „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, „под услов да не учествуваат или да не поддржуваат акти на агресија против Иран и целосно да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност и сигурност“.
На бродовите ќе им биде дозволено да минуваат низ теснецот „во координација со надлежните ирански власти“, според соопштението објавено на социјалните мрежи.
Техеран не објасни детално кои регулативи мора да ги следат бродовите за безбедно да се движат низ теснецот, низ кој нормално минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Изјавите на Иран доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се во тек преговори за прекин на војната меѓу САД и Израел против Иран, и покрај претходните негирања на Техеран дека се водат такви разговори.
Слични новости
Швајцарија гласа за ограничување на населението на 10 милиони
Швајцарците ова лето ќе гласаат за предлогот на крајно десничарската Швајцарска народна партија (SVP) за ограничување на населението на земјата на 10 милиони.
Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо
Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.
Трамп: Иран сака да постигне договор со САД за нуклеарна програма
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Иран сака да постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма.


