Во најновото соопштение, иранската мисија во Обединетите нации изјави дека бродовите можат да користат „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, „под услов да не учествуваат или да не поддржуваат акти на агресија против Иран и целосно да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност и сигурност“.
На бродовите ќе им биде дозволено да минуваат низ теснецот „во координација со надлежните ирански власти“, според соопштението објавено на социјалните мрежи.
Техеран не објасни детално кои регулативи мора да ги следат бродовите за безбедно да се движат низ теснецот, низ кој нормално минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Изјавите на Иран доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се во тек преговори за прекин на војната меѓу САД и Израел против Иран, и покрај претходните негирања на Техеран дека се водат такви разговори.
Слични новости
Хагсет: Разузнавачката соработка меѓу Иран и Русија ќе биде строго санкционирана
Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека сите „неприфатливи акции“, вклучувајќи ја наводната помош на Русија до Иран во разузнавачки податоци за позициите на американските сили на Блискиот исток ќе биде „строго санкционирана“.
Иран вети дека нема повеќе да ги напаѓа соседните земји
Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече иранскиот претседател
Израел утринава врши тешки бомбардирања врз Иран
Израелската армија објави дека продолжила со бомбардирањето на Техеран, користејќи 80 борбени авиони утрото на 7 март.


