Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.

Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.

Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.

 

Слични новости

Моделите на „Тесла“ на удар откако Кина забрани сокриени кваки на вратите на автомобилите

Освен „Тесла“, скриени кваки користат и многу други производители на возила на алтернативна енергија, така што новите прописи ќе имаат големо влијание на пазарот во Кина, а веројатно и ширум светот.

Трговска спогодба вредна 500 милијарди евра, Индија ги отвара вратите за американски стоки

Трамп наведе дека Индија се согласила да купува американски стоки на многу повисоко ниво, вклучувајќи енергија, јаглен, технологија и други производи во вредност од 500 милијарди долари.