Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.

Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.

Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.

 

Слични новости

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Бројот на милијардери ширум светот се искачи на рекордни 3.428, што е значителен скок во однос на минатогодишните 3.028. Вкупното богатство на луѓето на оваа листа се проценува на 20,1 трилиони долари, или четири трилиони повеќе од минатата година.

Цената на нафтата се стабилизира

Цената на нафтата се стабилизира

Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.