Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.
Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.
Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.
Слични новости
Денес почнува пролетното заседание на ММФ и Светската банка во Вашингтон
ММФ следната недела ќе објави три можни сценарија, а во секое од нив очекува послаб раст откако што претходно беше проектирано, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева.
Скок на нафтата откако пропаднаа разговорите САД -Иран
Цената на нафтата скокна, додека акциите и обврзниците паднаа откако претседателот Доналд Трамп нареди блокада на Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги тензиите со Иран
Нов штрајк во „Луфтханза“
Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.


