Проценките за нуклеарната програма на Техеран остануваат главно непроменети и по два месеца од војната што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп. Заедничките напади на САД и на Израел од 28 февруари беа насочени главно кон конвенционални воени цели, иако Израелците гаѓаа и низа нуклеарни постројки.
Според проценките на Меѓународната агенција за атомска енергија, вкупните залихи на високо збогатен ураниум на Иран би биле доволни за изработка до 10 атомски бомби, доколку дополнително би се збогатиле.
Според проценките, на американските разузнавачки агенции, Иран би можел да произведе доволно материјал за нуклеарна бомба во рок од три до шест месеци.
Војната на Блискиот Исток моментно е во прекин по примирјето што го постигнаа САД и Иран на 7 април, со цел продолжување на мировните преговори. Но, тензиите и натаму се високи.
Слични новости
Убиен шефот на разузнавањето на Иранската национална гарда
Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Трамп повторно се закани со „пекол“ поради Ормутскиот теснец, Техеран одговори: „Ги изгубивме клучевите“
Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте“, напиша Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social. Потоа му даде рок на Иран до вторник во 20 часот по источно време.
Американски разузнавачките проценки: Иран не планира наскоро да го отвори Ормускиот теснец
Според неодамнешните извештаи од американските разузнавачки служби, малку е веројатно дека Иран ќе го отвори Ормускиот теснец наскоро, бидејќи контролата врз преминот претставува единствена значајна предност на Техеран во однос на САД, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на три извори.


