Последните мировни предлози на Иран испратени во САД содржат запирање на борбите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран и исплата на воена отштета, објавија иранските државни медиуми.
Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади кажа дека Иран бара и укинување на американските санкции, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на замрзнатите ирански средства.
Овие барања на Иран не се разликуваат многу од претходната понуда, што Доналд Трамп ја опиша како „ѓубре“ и неприфатлива.
Трамп објави дека го откажал воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“.
„Планирав многу голем напад, но го одложив за кратко време, се надевам, можеби засекогаш. Има многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Се чини дека има многу добри шанси за договор за ограничување на иранската нуклеарна програма“, кажа Трамп.
Слични новости
Стармер под притисок на сопствената партија да поднесе оставка
Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со притисок внатре во својата партија и владата да ја разгледа временската рамка за своте повлекување од премиерската функција, откако повеќе од 80 пратеници на Лабуристичката партија побараа негова оставка, пренесува британскиот весник „Тајмс“.
Хантавирус: Патниците од крузерот евакуирани од Тенерифе во националните престолнини
Евакуирани се 140 патници од крузерот, во операција без контакт со локалното население. Здравствените служби потврдија дека сите патници ќе одат во 42 дневен карантин.
Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран не е завршена, затоа што во таа земја и натаму постојат нуклеарни материјали и постројки за збогатување на ураниум кои мора да бидат отстранети.


