Последните мировни предлози на Иран испратени во САД содржат запирање на борбите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран и исплата на воена отштета, објавија иранските државни медиуми.

Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади кажа дека Иран бара и укинување на американските санкции, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Овие барања на Иран не се разликуваат многу од претходната понуда, што Доналд Трамп ја опиша како „ѓубре“ и неприфатлива.

Трамп објави дека го откажал воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“.

„Планирав многу голем напад, но го одложив за кратко време, се надевам, можеби засекогаш. Има многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Се чини дека има многу добри шанси за договор за ограничување на иранската нуклеарна програма“, кажа Трамп.

Слични новости

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати

Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати

На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече „ѓубре“ кое што не го дочитал до крај.