Последните мировни предлози на Иран испратени во САД содржат запирање на борбите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран и исплата на воена отштета, објавија иранските државни медиуми.

Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади кажа дека Иран бара и укинување на американските санкции, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Овие барања на Иран не се разликуваат многу од претходната понуда, што Доналд Трамп ја опиша како „ѓубре“ и неприфатлива.

Трамп објави дека го откажал воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“.

„Планирав многу голем напад, но го одложив за кратко време, се надевам, можеби засекогаш. Има многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Се чини дека има многу добри шанси за договор за ограничување на иранската нуклеарна програма“, кажа Трамп.

Слични новости

Пентагон подготви планови за можни нови напади врз Иран

Пентагон подготви планови за можни нови напади врз Иран

Њујорк тајмс пишува дека една од опциите е дополнително бомбардирање на иранските воени и инфрасtруктурни цели, додека втората опција предвидува испrа’ање на специјални единици за преземање на контролата врз нуклеарниот материјал во пострoјката Исхафан.

Си Џипинг: Средбата со Трамп е пресвртница во односите меѓу Кина и САД

Си Џипинг: Средбата со Трамп е пресвртница во односите меѓу Кина и САД

Кинескиот претседател Си Џипинг и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа на чај во градините Џонгнанхај во Пекинг, при што Си ја оцени средбата како „историска“ и „пресвртница“ во односите меѓу двете светски сили.