Последните мировни предлози на Иран испратени во САД содржат запирање на борбите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран и исплата на воена отштета, објавија иранските државни медиуми.

Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади кажа дека Иран бара и укинување на американските санкции, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Овие барања на Иран не се разликуваат многу од претходната понуда, што Доналд Трамп ја опиша како „ѓубре“ и неприфатлива.

Трамп објави дека го откажал воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“.

„Планирав многу голем напад, но го одложив за кратко време, се надевам, можеби засекогаш. Има многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Се чини дека има многу добри шанси за договор за ограничување на иранската нуклеарна програма“, кажа Трамп.

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе „заврши брзо“

Трамп: Војната во Иран ќе „заврши брзо“

Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.

САД тврдат дека ја пробиваат блокадата во Ормутскиот теснец, Техеран демантира

САД тврдат дека ја пробиваат блокадата во Ормутскиот теснец, Техеран демантира

Американската морнарица тврди дека ја пробива блокадата во Ормутскиот теснец. Американската војска соопшти дека уништила шест ирански мали борбени бродови и пресретнала крстосувачки ракети и дронови, кои биле испукани од чуварите на исламската револуција.