Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите.
Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој беше запрена војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следеше ирански одговор.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.
Слични новости
Трамп: НАТО го чека многу лоша иднина, ако не им помогне на САД во војната со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу „лоша иднина“, доколку сојузниците на САД не помогнат во отворање на Ормутскиот теснец што го затвори Иран.
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.