Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите.
Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој беше запрена војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следеше ирански одговор.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.
Слични новости
Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу
Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.
Десет Израелци повредени во денешниот жесток ирански напад врз Израел
Десет лица, вклучувајќи и деца биле повредени во денешниот ирански напад врз Израел, а едно девојче е во критична состојба и се бори за живот, соопштија од медицинскиот центар Шеба.
САД најавуваат повлекување на војната од Иран за две до три недели
Трамп посочи дека е можно Иран и САД да постигнат договор во тој период, но нагласи дека договор со Техеран не е неопходен за да заврши војната.


