Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите.
Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој беше запрена војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следеше ирански одговор.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.
Слични новости
Потрага по исчезнатиот американски војник по соборен авион во Иран
Американските и иранските сили трагаат по исчезнат член на екипажот на американски борбен авион „F-15E“, кој беше соборен во јужен Иран. Според извештаите, пилотот е спасен, додека офицерот за вооружување сè уште се води како исчезнат, а неговата судбина останува непозната.
Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО
Таа рече дека критиките врз НАТО не се новина во настапите на американскиот претседател, но сега во контекст на зголемени трошоци за одбрана на европските земји, тие стануваат се почести и се помалку втемелени.
Иран им се закани на САД и Израел по обраќањето на Трамп
Иран им се закани на САД и Израел со „уништувачки напади“ по најавите на Доналд Трамп за нови воени удари врз Исламската Република.


