Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите.
Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој беше запрена војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следеше ирански одговор.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.
Слични новости
Трамп повторно се закани со „пекол“ поради Ормутскиот теснец, Техеран одговори: „Ги изгубивме клучевите“
Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте“, напиша Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social. Потоа му даде рок на Иран до вторник во 20 часот по источно време.
Американски разузнавачките проценки: Иран не планира наскоро да го отвори Ормускиот теснец
Според неодамнешните извештаи од американските разузнавачки служби, малку е веројатно дека Иран ќе го отвори Ормускиот теснец наскоро, бидејќи контролата врз преминот претставува единствена значајна предност на Техеран во однос на САД, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на три извори.
Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовно примирје
Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак.


