Техеран соопшти дека американските носачи на авиони се на голема оддалеченост од брегот на Иран и иранските територијални води, откако иранските сили за време на конфликтот изведоа напади со ракети и дронови врз американските носачи на авиони.
За време на судирите американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ беше погоден и тешко оштетен, а според сведочењата на посадата, носачот едвај бил спасен. Американските медиуми известија дека носачот се враќа во американската поморска база во Сан Диего.
Техеран порача и дека во моментов не гледа потреба за нови напади врз американските бродови.
Слични новости
Рејтингот на Трамп на најниско ниво до сега
Во однос на претходната анкета, неговиот рејтинг е намален од 35 на 32 проценти, а поддршката меѓу републиканците паднала од 82 на 73 проценти.
Пукање пред училиште во Турција, најмалку четворица повредени
Вооружено лице пукаше пред средно училиште во западна Турција, при што повреди најмалку четири лица.Нападот се случи пред средното стручно и техничко училиште во Тургутлу, град во областа Маниса.
Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН
Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.


