САД загубија воена опрема вредна речиси две милијарди долари од нападите фрз Иран во саботата. Мета на Техеран беа радарските системи, авионите и базите ширум Блискиот исток, како и некои од дипломатските претсавништва на САД.
Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување АН/ФПС-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден 1,1 милијарда долари, кој беше погоден со ирански проектил, за што дадоа потврда и катарските власти.
Во неделата САД загубија и три авиони Ф-15Е во инцидент предизвикан од кубајтската противвоздушна одбрана.
Слични новости
Трамп: НАТО го чека многу лоша иднина, ако не им помогне на САД во војната со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу „лоша иднина“, доколку сојузниците на САД не помогнат во отворање на Ормутскиот теснец што го затвори Иран.
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.


