Поморската трговска служна на Обединетото кралство соопшти дека синоќа бил погоден танкер со повеќе ракетни проектили северно од Катар. Нападот се случил на околу 51 наутичка милја ( 94 километри) северно од Катар.

Потврдено е дека танкерот бил погоден со повеќе проектили, а пријавено е и дека има голем број на повредени. Властите на Катар покренаа истрага за нападот во нивните територијални води.

Танкерот кој минувал низ Ормутскиот теснец бил пресретнат од Иранската револуционерна гарда која и нареди на посадата да се врати или да ризикува танкерот да биде ракетиран.

 

Слични новости

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран, се наведува во соопштението на Техеран.