Иранските воени сили денеска ја предупредија американската морнарица да не влегува во Ормутскиот теснец, откако САД најавија дека денеска ќе започнат акција на ослободување на бродовите кои се заглавени во Ормутскиот теснец.

„Повеќе пати повторивме дека безбедноста на Ормутскиот теснец е во наши раце и дека безбедно минување на бродовите може да се координира само со иранските оружени сили“, се наведува во соопштението на иранската армија што го пренесе Ројтерс.

Од друга страна Трамп најави дека денеска го започнува проектот „Слобода“ за бродовите на неутрални држави заглавени во Ормутскиот теснец и дека доколку бидат нападнати американските бродови решително ќе одговорат.  

Слични новости

Арагчи во Москва на средба со Путин

Арагчи во Москва на средба со Путин

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, слета во Санкт Петербург пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.