Техеран ќе ги реновира своите нуклеарни објекти „со поголема моќ“ отколку порано, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за државните медиуми во неделата, додавајќи дека земјата не сака да развива нуклеарно оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз иранските нуклеарни објекти доколку Техеран се обиде да ги рестартира оние што САД ги бомбардираше во јуни, иако според извештаите тие инсталации не претпреле такви штети кои оневозможуваат нивна поправка.

Пезешкијан разговараше со медиумите за време на посетата на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI), каде што се сретна со високи претставници од иранската нуклеарна индустрија.

„Уништувањето на зградите и фабриките нема да биде проблем за нас, ние ќе ги обновиме и тоа со (уште) поголема сила“, изјави иранскиот претседател за државните медиуми.

Во јуни САД и Израел извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран, за кои Вашингтон тврди дека биле дел од програма насочена кон развој на нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за цивилни цели.

„Сево ова е наменето за решавање на тешкотиите на луѓето, за болестите, за здравјето на луѓето“, рече Пежешкијан за нуклеарните активности на Иран.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе