Иранската војска најави дека повторно ја презема контролата врз Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Иранската револуционерна гарда во соопштение наведе дека теснецот ќе се врати во претходната состојба и дека со подрачјето ќе управуваат вооружените сили.

Оваа одлука доаѓа откако претходно беше забележано движење на дел од транспортните бродови низ овој воден пат. Податоците од страницата за следење „Марин трафик“ покажаа дека низ клучниот коридор поминувале неколку пловила за транспорт на нафта, течен гас и хемикалии, но не е јасно колкав дел од сообраќајот успеал да помине низ овој стратешки важен премин.

Во военото соопштение, САД се обвинети за пиратство, со тврдење дека блокадата на иранските пристаништа претставува поморски грабеж.

Техеран и претходно предупреди дека ќе го затвори теснецот доколку Вашингтон продолжи со блокадата. Спикерот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, кој учествуваше во преговорите минатиот викенд, изјави дека теснецот нема да остане отворен доколку не се прекине блокадата на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека денеска е одличен ден за светот бидејќи Иран го прогласил теснецот за отворен. Тој додаде дека блокадата на пристаништата ќе остане во полна сила додека не се заврши целосно договорот за крај на војната. 

 

Слични новости

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати