За време на оддавањето почит на жртвите во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун, се случи инцидент кога возач на патнички автомобил покосил неколку граѓани. На видеото се гледа патнички автомобил кој дошол на раскрсницата каде граѓаните 15 минути го блокирале сообраќајот поради 15-те загинати во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Откако луѓето не сакале да се помрднат, возачот на автомобилот згазнал на гас и на хаубата од својот автомобил „качил“ неколку учесници во блокадата. Луѓето гласно протестираа и удираа во автомобилот додека се оддалечуваше.
Како што изјавија за N1 Србија, пред овој инцидент, млад човек кој бил на блокадата се качил на хаубата и удрил во автомобилот, но насобраните граѓани брзо го отстраниле.
Блокади денеска имаше и пред зградата на Техничкиот факултет во Белград, како и пред Ректоратот во Нови Сад.
Слични новости
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.
Србија: Можни американски санкции против рускиот сопственик на НИС бидејќи користи дел од својот профит во Украина
Како одговор на Euronews во Србија, амбасадата на САД нагласува дека НИС е „национален ресурс за Србија, но дека руските сопственици користат дел од профитот за финансирање на агресијата против Украина“
Извештај на АИ: Српската влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари
Амнести интернешенел објави извештај кој открива како властите во Србија незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.