За време на оддавањето почит на жртвите во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун, се случи инцидент кога возач на патнички автомобил покосил неколку граѓани. На видеото се гледа патнички автомобил кој дошол на раскрсницата каде граѓаните 15 минути го блокирале сообраќајот поради 15-те загинати во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Откако луѓето не сакале да се помрднат, возачот на автомобилот згазнал на гас и на хаубата од својот автомобил „качил“ неколку учесници во блокадата. Луѓето гласно протестираа и удираа во автомобилот додека се оддалечуваше.
Како што изјавија за N1 Србија, пред овој инцидент, млад човек кој бил на блокадата се качил на хаубата и удрил во автомобилот, но насобраните граѓани брзо го отстраниле.
Блокади денеска имаше и пред зградата на Техничкиот факултет во Белград, како и пред Ректоратот во Нови Сад.
Слични новости
Црна Гора ги затвори преговорите во три поглавја
На меѓувладината конференција за пристапување, Црна Гора ги заврши преговорите во три поглавја: право на интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика
Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2.100 припадници, засега не размислува за враќање на задолжителниот воен рок
Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2.100 припадници
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.