За време на оддавањето почит на жртвите во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун, се случи инцидент кога возач на патнички автомобил покосил неколку граѓани. На видеото се гледа патнички автомобил кој дошол на раскрсницата каде граѓаните 15 минути го блокирале сообраќајот поради 15-те загинати во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Откако луѓето не сакале да се помрднат, возачот на автомобилот згазнал на гас и на хаубата од својот автомобил „качил“ неколку учесници во блокадата. Луѓето гласно протестираа и удираа во автомобилот додека се оддалечуваше.

Како што изјавија за N1 Србија, пред овој инцидент, млад човек кој бил на блокадата се качил на хаубата и удрил во автомобилот, но насобраните граѓани брзо го отстраниле.

Блокади денеска имаше и пред зградата на Техничкиот факултет во Белград, како и пред Ректоратот во Нови Сад.

globe

Слични новости