Одборниците на опозицијата во Нови Сад денеска насилно влегоа во градскота куќа на Нови Сад, со намера да ја блокираат градската куќа се додека не бидат исполнети нивните барања, кои се поклопуваат со барањата на протестите на студентите.

Набргу потоа полицијата упадна во зградата и се судри со одборниците на опозицијата, кои насилно беа избркани од градската куќа. Одборниците останаа пред зградата, а имаше обид повторно да влезат, но беа спречени од полициските сили.

Приведен е одброникот на движењето Браво во собранието на Нови Сад Миран Погачар, јавуваат медиумите во Србија.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека „бруталното насилство организирано од опозициските партии е недозволиво и дека државата ќе ги сочува мирот и стабилноста. Тој порача дека во Србија на власт се доаѓа само на избори.

Слични новости