Годишната стапка на инфлацијата во Франција забрза во октомври на 3,4 од септемвриските 3,1 насто, што е највисока стапка на инфлација од јануари 2024, покажува денеска објавениот извештај на Националниот институт за статистика на Франција.
Растот на цената на енергијата забрза четврти месец по ред, првенствено поради гасот и нафтените деривати, од септемвриските 21,3 , на 24,1 меѓугодишно.
Забрза инфлацијата и во секторот на услугите од 2,4 на 2,6 насто под влијание на повисоките цени на смештајот и превозот.
Според индексот на потрошувачките цени во земјите на ЕУ кој овозможува споредба на инфлациите, годишната инфлација во Франција изнесува 3,7 насто.
Слични новости
Глобалната економија покажува поголема отпорност од очекувањата
Проекциите на ММФ покажуваат дека глобалниот стопански раст ќе забави од 3,5 на 3,1 насто во 2026 -та година, додека во 2027 се очекува благо забрзување на 3,4 насто.
Хакери украдоа шест милијарди долари во криптовалути
Бајнанс најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека хакери украле повеќе од 6 милијарди долари, што се смета една од најголемите кражби на криптовалути досега.
Германија бележи пад на трговскиот суфицит: Увозот расте двојно повеќе од извозот
Германскиот извоз порасна за 2 насто во однос на август на 141 милијарди евра, а увозот бил зголемен за 4,2 насто на 125,5 милијарди евра.


