Годишната стапка на инфлацијата во Франција забрза во октомври на 3,4 од септемвриските 3,1 насто, што е највисока стапка на инфлација од јануари 2024, покажува денеска објавениот извештај на Националниот институт за статистика на Франција.

Растот на цената на енергијата забрза четврти месец по ред, првенствено поради гасот и нафтените деривати, од септемвриските 21,3 , на 24,1 меѓугодишно.

Забрза инфлацијата и во секторот на услугите од 2,4 на 2,6 насто под влијание на повисоките цени на смештајот и превозот.

Според индексот на потрошувачките цени во земјите на ЕУ кој овозможува споредба на инфлациите, годишната инфлација во Франција изнесува 3,7 насто.

Слични новости

Њујорк тајмс: Џејсон Хуанг имал врска и со една од потпретседателките на Енвидија

Њујорк тајмс: Џејсон Хуанг имал врска и со една од потпретседателките на Енвидија

Извршниот директор на компанијата Енвидија Џејсон Хуанг имал вонбрачна врска со потпретседателката на компанијата КИмберли Пауел, која работила директно под негов надзор, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на петмина вработени во Енвидија.