Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата.

Потрошувачките цени во најголемата светска економија во февруари биле за 2,8 отсто повисоки отколку во истиот месец во 2024 година, пресмета Министерството. Во јануари беа зголемени за три отсто на годишно ниво.

Нивниот раст забавил првпат од септември минатата година, покажуваат податоците на Министерството.

Без енергијата и храната, цените во февруари се повисоки за 3,1 отсто во однос на истиот месец лани. Податоците за јануари покажуваат раст од 3,3 отсто.

Бензините во февруари поевтиниле за 3,1 отсто од пред една година. Во јануари нивниците цени беа речиси на нивото од почетокот на минатата 2024 година.

Нафтата за греење, пак, повторно остро поевтиника, за 5,1 отсто, приближно исто како и на самиот почеток на годинава.

Цените на гасот, пак, пораснале за цели шест отсто, значително повеќе отколку во јануари. Растот на цената на струјата умерено забрзале, на 2,5 отсто.

Цените на храната се зголемиле за 1,9 отсто, приближно исто како и на почетокот на годината.

Трошоците за изнајмување или одржување на стан повторно се значително зголемени, за 4,2 отсто, иако нешто помалку од јануари.

Месечната споредба покажува и поблаг пораст на потрошувачките цени во февруари, и тоа за 0,2 отсто. Во јануари тие се зголемија за 0,5 отсто.

Растот на цените е забавен првпат од октомври минатата година, покажуваат податоците на Министерството.

Без енергијата и храната, потрошувачките цени исто така пораснаа за 0,2 отсто, за половина од претходниот месец, што е одраз на пониските цени на бензините и транспортните услуги, за еден, односно 0,8 отсто во однос на јануари.

globe

Слични новости

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови