Инфлацијата во Германија ослабела на 2,2 отсто во март, со значително посилен пад на цените на енергенсите и благ пораст на цената на услугите, покажаа прелиминарните пресметки на заводот за статистика објавени во понеделникот.
Така, инфлацијата се намалила на почетокот на пролетта, утврдиле во Destatis врз основа на податоците од група сојузни покраини. Во јануари и февруари цените пораснале за 2,3 отсто.
Месечната споредба покажува и мало забавување на растот на цените во март, на 0,3 отсто. Во февруари тие се зголемеја за 0,4 отсто.

Без храната и енергијата, годишната стапка на инфлација во третиот месец од годинава изнесува 2,5 отсто, покажаа прелиминарните пресметки на статистичарите и е за 0,2 процентни поени пониска во однос на февруари.
Услугите, исто така, забележале најголем пораст на цените во март, од 3,4 отсто, но значително помалку од претходниот месец кога нивните цени пораснаа за 3,8 отсто.
Енергијата во март била поевтина за 2,8 отсто во однос на истиот месец лани. Во февруари падна за 1,6 отсто.
Цените на храната, пак, пораснале за 2,9 отсто, што е значително повеќе од февруари.
Според Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредување меѓу членките на ЕУ, цените во најголемата европска економија во март биле за 2,3 отсто повисоки отколку во истиот месец минатата година. Во февруари усогласениот индекс покажа годишен пораст на цените од 2,8 отсто.
На месечна основа, цените мерени со HICP се зголемија за 0,4 отсто во март, соопшти Destatis во прелиминарните пресметки. Во февруари тие се зголемени за 0,6 отсто во однос на јануари.
Слични новости
Цените на нафтата блиску до 75 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија
Италијанската „illy“ размислува за печење кафе во САД
Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба